Имплементација на систем на интегритет во ДКСК

Државната комисија за спречување на корупцијата, поаѓајќи од заложбите за обезбедување на почитувањето на уставноста, законитоста, професионалниот интегритет, транспарентноста и заштитата на човековите слободи и права, ја усвои и ја имплементира Политиката за интегритет.

На ден 03 февруари 2022 година, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), согласно дефинираната законска надлежност во член 8 и член 17, алинеја 18 од Законот за спречување корупција и судир на интереси,  ја потпиша Политиката на интегритет.

Препознавајќи ја својата клучна улога како предводник во системот на интегритет, ДКСК, со усвојувањето на Политиката на интегритет, дава јасна насока и мотив за останатите институции за потребата од нивно влучување во процесот на антикорупциски политки.

Регистар за ризици – Извештај за проценка на ризиците од корупција

Заштита на јавниот интерес и спречување на судирот на интереси
Почитување на етичкиот кодекс кој е релевантен за позицијата на службеното лице
Управување со човечките ресурси врз основа на систем на заслуги и квалификации
Наменско, рационално и ефикасно управување со јавните ресурси
Транспарентност и пристап до информации од јавен карактер
Заштитено пријавување од укажувачи
Управување со квалитетот