Мисија на ОБСЕ во Скопје

 

       Државната комисија за спречување на корупција својата соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје ја започна во 2012 година и во рамки на неа беа реализирани бројни активности за унапредување на демократското управување и превенција на корупцијата во земјава, како и поттикнување на меѓународната соработка. Во 2020 година Државната комисија за спречување на корупција потпиша Меморандум за соработка со Организацијата за безбедност и соработка во Европа Мисија во Скопје за спроведување на заеднички активности во периодот 2020-2022 година. Оваа рамка за соработка има за цел унапредување на практиките за спречување на корупцијата и зајакнување на системот на интегритет. Заедничките активности првенствено ќе бидат во согласност со принципите утврдени во Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, Националната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси 2021-2025, други национални стратешки документи, како и други поврзани активности. Заедничките активности, вклучително и роковите и другите детали за нивна реализација, ќе бидат утврдени дополнително во Годишни планови за активности договорени заеднички помеѓу Државната комисија за спречување на корупцијата и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.


МЕМОРАНДУМ ЗА РАЗБИРАЊЕ ПОМЕЃУ ОРГАНИЗАЦИЈАТА ЗА БЕЗБЕДНОСТ И СОРАБОТКА ВО ЕВРОПА, МИСИЈА ВО СКОПЈЕ И ДРЖАВНАТА КОМИСИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАЕДНИЧКИТЕ АКТИВНОСТИ ВО ПЕРИОДОТ 2020-2022


MEMORANDUM OF UNDERSTANDING BETWEEN THE ORGANIZATION FOR SECURITY AND CO-OPERATION IN EUROPE MISSION TO SKOPJE AND THE STATE COMMISSION FOR PREVENTION OF CORRUPTION FOR THE IMPLEMENTATION OF JOINT ACTIVITIES IN THE PERIOD 2020-2022


Акциски план за 2021 – План на годишни активности за 2021 година кои произлегуваат од  Меморандумот за соработка меѓу Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Државната комисија за спречување на корупцијата 2020 – 2022


ПРОМОВИРАЊЕ НА
ТРАНСПАРЕНТНОСТА И ОТЧЕТНОСТА
ВО ЈАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ

English

Македонски

 

Промовирање на соработката преку добро
владеење во спроведувањето на
антикорупциската политика

English

Македонски