Политика на интегритет за државните органи и институции од јавен сектор

Што претставува интегритет?
Под интегритет се подразбира законито, независно, непристрасно, етичко, одговорно и транспарентно вршење на работи со кои службените лица го чуваат својот углед и угледот на институцијата во која се одговорно лице, односно се вработени, ги елиминираат ризиците и ги отстрануваат сомневањата во можноста од настанување и развој на корупција и со тоа обезбедуваат доверба на граѓаните во вршењето на јавните функции и во работата на јавните институции.
Целта на ДКСК е унапредување и следење на системот за интегритет во сите институции и утврдување на ефикасноста на применетите политики и процедури кои овозможуваат доследна примена на стандардите за интегритет.

Зошто ја прифаќаме Политиката на интегритет?
Прифаќањето на Политиката на интегритет е прв чекор и главен механизам за одредување на нивото на интегритет и воедно, најважната алатка за зајакнување на интегритетот.
Засилувањето и подигнувањето на интегритетот е заедничка мисија и одговорност на сите институции во системот и на сите нивоа на власт.

Зошто одбираме интегритет?
Политиката на интегритет го промовира интегритетот како темел на доброто управување и стратешки и одржлив одговор на ризиците од корупцијата.
Преку примена на Политиката на интегритет, ќе се придонесе кон спречување и елиминирање на можностите за појава на различни форми на корупција и неетичко однесување во рамките на институциите.

ПОЛИТИКА НА ИНТЕГРИТЕТ