Проценка на ризици од корупција

Проценка на ризици од корупција

 

НАСОКИ ЗА ПРОЦЕНКА НА РИЗИКОТ ОД ИНСТИТУЦИОНАЛНА КОРУПЦИЈА ВО РEПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

GUIDELINES FOR INSTITUTIONAL CORRUPTION RISK ASSESSMENT NORTH MACEDONIA


Онлајн обука за Секторска проценка на ризик по интегритет и корупција

Во рамки на проектот „Промовирање на транспарентност и одговорност на јавната администрација во Северна Македонија“, финансиран од ЕУ, а со поддршка на организацијата ПРАЈСВАТЕРХАУСКУПЕРС (PwC), на ден 16.03.2021 година, се одржа онлајн презентација и обука за Секторска проценка на ризик по интегритет и корупција (СПРИК).

Презентацијата ја одржа меѓународниот експерт Кристина Тарна, а од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата учествува Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска и членовите на ДКСК, како и вработени во Секретаријатот.

На обуката, најпрво беше презентиран концептот за интегритет и препораки за понатамошен развој,  а потоа следеше и презентација на Методологијата за секторска проценка на ризик по интегитетот и корупцијата, во која беа опфатени опсегот и фазите на Секторската проценка на ризик по интегритетот и корупцијата.