УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИ ОД КОРУПЦИЈА

НАСОКИ ЗА ПРОЦЕНКА НА РИЗИКОТ ОД ИНСТИТУЦИОНАЛНА КОРУПЦИЈА ВО РС МАКЕДОНИЈА

Регистар за ризици –  Извештај за проценка на ризиците од корупција

 

Онлајн обука за Секторска проценка на ризик по интегритет и корупција

Во рамки на проектот „Промовирање на транспарентност и одговорност на јавната администрација во Северна Македонија“, финансиран од ЕУ, а со поддршка на организацијата ПРАЈСВАТЕРХАУСКУПЕРС (PwC), на ден 16.03.2021 година, се одржа онлајн презентација и обука за Секторска проценка на ризик по интегритет и корупција (СПРИК).

Презентацијата ја одржа меѓународниот експерт Кристина Тарна, а од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата учествува Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска и членовите на ДКСК, како и вработени во Секретаријатот.

На обуката, најпрво беше презентиран концептот за интегритет и препораки за понатамошен развој,  а потоа следеше и презентација на Методологијата за секторска проценка на ризик по интегитетот и корупцијата, во која беа опфатени опсегот и фазите на Секторската проценка на ризик по интегритетот и корупцијата.