Државни програми

ДРЖАВНИ ПРОГРАМИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И РЕПРЕСИЈА НА КОРУПЦИЈАТА И ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И НАМАЛУВАЊЕ НА ПОЈАВАТА НА СУДИРОТ НА ИНТЕРЕСИ СО АКЦИОНЕН ПЛАН ЗА НИВНО ОСТВАРУВАЊЕ

Државната комисија за спречување на корупцијата врз основа на своите законски надлежности утврдени во Законот за спречување на корупцијата – член 49 став 1 и Законот за спречување судир на интереси – член 21 став 1, ги донесува државните програми за превенција и репресија на корупцијата и за превенција и намалување на појавата на судирот на интереси со акционен план за нивно остварување.

Во државните програми се тргнува од фактот дека корупцијата е цивилизациско зло кое го подрива и разградува општествениот систем, ги попречува и урива основните општествени вредности, ги злоупотребува институционалните капацитети во сите сфери на општеството вополза на нелегитимни и нелегални парцијални интереси и цели. Корупцијата како појавапретставува постојана закана што треба долгорочно да се пресретнува и совладува со сите законски и институционални алатки како на превентивен така и на репресивен план. Затоа борбата против корупцијата мора да има стратешки приоритет со цел обезбедувањедолгорочна одржлива општествена оспособеност и отпорност кон корупцијата и сите нејзини појавни форми.

Државната комисија за спречување на корупцијата во периодот од 2003-2016 година ги има донесено следните стратешки антикорупциски документи:

· Државна програма за превенција и репресија на корупцијата со акционен план во 2003 година (програмските активности пред сè беа насочени кон создавање и зајакнување на антикорупциската правна и институционална рамка)

·  Анекс на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата -Мерки за превенција и репресија на корупцијата во рамки на локалната самоуправа со акционен план во 2005 година (воспоставување систем на мерки за превенција на корупцијата во рамки на локалната самоуправа во услови на пренесување на надлежностите од централно на локално ниво)

·  Државна програма за превенција и репресија на корупцијата со акционен план во 2007 година аснована на шест столбови на системот на национален интегритет)

· Државна програма за превенција и намалување на појавата на судир на интереси со акционен план во 2008 година (девет ризични области за појава на судирот на интереси со мерки за нивно надминување)

· Државна програма за превенција и репресија на корупцијата и Државна програма за превенција и намалување на појавата на судир на интереси со акционен план во 2011 година (секторски пристап со утврдување на единаесет сектори како посебно ризични подрачја од аспект на корупцијата и судирот на интереси)

· Државна програма за превенција и репресија на корупцијата и превенција и намалување на појавата на судир на интереси со Акционен план 2016-2019

Последната државна програма, Државната комисија за спречување на корупцијата ја донесе на 7 декември 2015 година. Таа претставува општа рамка за сеопфатна превенција и борба против корупцијата и судирот на интереси, што подразбира утврдување на приоритетните сегменти на делување со цел намалување на ризиците од корупција и афирмирање на позитивните општествени вредности како што се интегритетот, транспарентноста, отчетноста и одговорноста.

Во концептот на Државната програма 2016-2019 е применет интегриран пристап насочен кон пет стратегиски цели на кои се темелат активностите од Акциониот план за нејзино остварување. Ваквата ориентација на Државната програма 2016-2019 овозможува подигање на борбата против корупцијата и судирот на интереси на повисоко ниво од секторскиот пристап и создавање стратегиска рамка за креирање поединечни стратегии и акциони планови за превенција и борба против корупцијата и судирот на интереси. Секоја стратегиска цел е разработена во области со конкретни активности за надминување на утврдените слабости и ризици.


Апликација – Државна програма 2016-2019

Упатство за апликацијата


Државна програма за превенција и репресија на корупцијата и превенција и намалување на појавата на судир на интереси со Акционен план 2016-2019

State program for prevention and repression of corruption and reduction of conflict of interest with Action plan 2016 – 2019

Извештај за остварувањето на Државната програма 2016-2019 период јануари 2016-јули 2019 година

Извештај за остварувањето на Државната програма 2016-2019 период јануари 2016-декември 2018

Извештај за остварувањето на Државна програма 2016-2019 период јануари 2016 -декември 2017 година

Извештај за остварувањето на Државна програма 2016-2019 период јануари-декември 2016