Имплементација на систем на интегритет во ДКСК

Државната комисија за спречување на корупцијата, поаѓајќи од заложбите за обезбедување на почитувањето на уставноста, законитоста, професионалниот интегритет, транспарентноста и заштитата на човековите слободи и права, ја усвои и ја имплементира Политиката за интегритет.

На ден 03 февруари 2022 година, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), согласно дефинираната законска надлежност во член 8 и член 17, алинеја 18 од Законот за спречување корупција и судир на интереси,  ја потпиша Политиката на интегритет.

Препознавајќи ја својата клучна улога како предводник во системот на интегритет, ДКСК, со усвојувањето на Политиката на интегритет, дава јасна насока и мотив за останатите институции за потребата од нивно влучување во процесот на антикорупциски политки.

Регистар за ризици – Извештај за проценка на ризиците од корупција

Заштита на јавниот интерес и спречување на судирот на интереси
Почитување на етичкиот кодекс кој е релевантен за позицијата на службеното лице
Управување со човечките ресурси врз основа на систем на заслуги и квалификации
Наменско, рационално и ефикасно управување со јавните ресурси
Транспарентност и пристап до информации од јавен карактер
Заштитено пријавување од укажувачи
Управување со квалитетот

Внатрешна обука за имплементација на системот на интегритет


ДКСК во целост ги исполни препораките според извештајот „Националниот систем за интегритет на Македонија“, изготвен од Транспаренси Интернешнл- Македонија

National Integrity System Assessment 2023-4