Обуки

Обуки

Одржан вториот меѓународен вебинар на тема „Дизајнирање и имплементација на ефективни системи за заштита на укажувачите“


Кампања за интегритет – Процес на заштита на укажувачите


Спроведување на Законот за заштита на укажувачите – предавање од Џон Девит

Создавање поволно опкружување за укажувачите – предавање од Алма Седлар

Case Studies and Western Balkans Experience

Creating Supportive Environments for Whistle-blowers

Меѓународни прикази на случаи и искуствата од Западен Балкан – предавање од Алма Седлар

Законот за заштита на укажувачите, имплементација, отворени предмети и заштита на укажувачите – предавање од м-р Ирена Поповска


Експерти на темата – Јакнење на свеста за подобра имплементација на Законот за заштита на укажувачите

ИРЕНА ПОПОВСКА
м-р Ирена Поповска е Генерален секретар на Секретаријатот на ДКСК и овластено лице за заштитено внатрешно и заштитено надворешно пријавување во ДКСК од 2016 година. Од 2019 година таа како овластено лице постапува во конкретни предмети оформени по пријави од укажувачи доставени во ДКСК. Таа е исто така претседавач/ обучувач на бројни работилници и обуки кои ги организираат ДКСК, како и Транспаренси Интернешнл и други невладини организации на тема Заштитено пријавување и заштита на укажувачите. Таа е вклучена како учесник во работни групи на меѓународни организации – Советот на Европа, Европската Комисија и други во врска со заштитата на укажувачите.

ЏОН ДЕВИТ
Џон Девит е главен извршен директор на канцеларијата на Транспаренси Интернешенел во Ирска. По основањето на ТИ Ирска во 2004 година, Џон лобираше за Актот за заштитени обелоденувања и ја советуваше ирската влада во однос за овој законски пропис. Тој исто така советувал низа меѓународни организации, вклучувајќи ги и ОН, Советот на Европа и Европската Комисија во врска со заштитата на укажувачите. Во 2011, Џон ја воспостави телефонската линијата за помош на ТИ Ирска „Speak Up“ (проговорете) преку која е пружена поддршка на над 1850 луѓе кои пријавиле нечесно однесување, а во 2016 година беше соосновач на Центарот за правни совети на Транспаренси, кој што центар има дадено правни совети на скоро 100 луѓе при заштитени обелоденувања. Тој е исто така и претседавач на Меѓународната мрежа на укажувачи и член на советодавниот одбор на единицата за истражување на укажувањето на Универзитетот Мидлсекс

АЛМА СЕДЛАР
Алма Седлар е поранешен заменик шеф на комисијата за спречување на корупцијата на Република Словенија и сегашен претседавач на одборот на Транспаренси Интернешенел Словенија. Таа работи како експерт за спречување на корупцијата, главно во Европа, Западен Балкан и во Југоисточна Азија. Алма е доктор на науки во областа на заштитата на укажувачите.

ГРЕГОР ПИРЈЕВЕЦ
Грегор Пирјевец е виш службеник за спречување на корупција во Комисијата за спречување на корупцијата на Словенија со повеќе од 15 години искуство во истражувањето на економски криминал и корупција. Со основа во органите на прогонот и обвинителство, работел на бројни предмети во кои се вклучени укажувачи, како истражител кој што постапувал по обелоденувањата на укажувачите и ако лице назначено за заштита на укажувачите од одмазда. Тој е шеф на словенечката делегација во работната група на ОЕЦД за поткуп и обучувач во полето на судир на интереси, проценка на ризици, заштита на укажувачите, интегритет на јавната служба и регулативи за лобирање.


Континуирана едукација за областа на заштитата на укажувачите

Заштитеното пријавување е една од најважните алатки за откривање на злоупотребите во државните органи и институции од јавниот сектор, но и еден од клучните елементи од системот на интегритет. Затоа, Државната комисија за спречување на корупцијата, континуирано работи на спроведување на повеќе активности во насока на зајакнување на свеста и знаењето на заштита на укажувачите и важноста на имплементацијата на Законот за заштита на укажувачите.

Како дел од активностите во насока на јакнење на свеста и разбирањето на заштитата на укажувачите, Државна комисија за спречување на корупцијата со поддршка од ЕУ проектот ИПА II Проектот “Промовирање на транспарентноста и одговорноста во јавната администрација”,  во периодот од 31.01 до 03.02.2022 година организираше втора серија на онлајн обуки заради унапредување на свеста и знаењето од спроведувањето на Законот за заштита на укажувачите. Првата серија на обуки се реализираше во текот на месец Јули 2021 година.

Имено, во текот на месец февруари, беа одржани четири серии на обуки, распоредени во четири дена, и тоа за вработените во институциите кои согласно закон, се овластени лица за прием на пријави доставени заради заштитено надворешно пријавување: лица задолжени за прием на пријави доставени заради заштитено внатрешно пријавување, како и вработените во јавната администрација воопшто, заради зајакнување на свеста и перцепцијата за важноста на заштитеното пријавување како еден од најважните механизми за борбата против корупцијата.