Политика За Користење Колачиња ( Cookies)

Што се колачиња (cookies)?

Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во хард дискот на Вашиот компјутер, таблет, мобилен телефон или друг сличен уред од страна на  некои веб страници кои ги посетувате. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страницата. Овие текстуални датотеки можат да бидат „постојани“ или „привремени“. Постојаните колачиња (cookies) остануваат на Вашиот компјутер и кога ќе го исклучите пребарувачот (ќе преминете во офлајн состојба), додека привремените се бришат штом го затворите интернет пребарувачот. Колачињата (cookies)  се користат за повеќе цели, како на пример за да се запомнат Вашите активности и преференции (вклучувања, јазични преференции, големина на фонт или како да ви се прикажува страницата), за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб страницата и да се прикаже навигациската историја на истата.   

 

Зошто користиме колачиња (cookies)?

На оваа веб страница користиме колачиња (cookies) од следниве причини:

▪ За техничко функционирање на веб страницата;

▪ За собирање на збирни и анонимни статистички податоци;

▪ За да ги запомниме Вашите преференции како да се прикажува страницата (преференции за параметрите на екранот), како на пример контрастот на бојата или големината на фонтот;

▪ За да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате (или не) со нашето користење на колачиња (cookies) на оваа веб страница.

Кога ја посетувате нашата веб страница, можеме да собереме некои податоци од Вашето пребарување, како на пример IP адреса, која содржина од нашата веб страница сте ја посетиле, кога сте ја посетиле и од која веб страница сте биле пренасочени.

 

Каков вид на колачиња (cookies) користиме?

1. Задолжителни (неопходни) колачиња во кои се вклучени:

– Основни колачиња (сесиски колачиња)

Сесиските колачиња се привремени колачиња, кои се зачувуваат во датотеката на колачето на Вашиот интернет пребарувач додека не ја завршите сесијата на него. Овие колачиња се задолжителни за одредени апликации или функционалности на нашата веб-страница за нејзина правилна работа.Сесиските колачиња се користат со цел да Ви овозможиме да ги добиете услугите кои сте ги побарале преку нашата веб страница. Без овие колачиња, услугите кои сте ги побарале нема да може да Ви бидат испорачани. Овие колачиња автоматски ќе бидат избришани од Вашиот уред со прекинување на тековната сесија или затворање на прелистувачот. Овие колачиња може да се користат за запомнување на Вашите претходни активности,  при враќање на претходната страница за време на истата сесија (користење на „go back“ опција).

– Функционални (постојани) колачиња

Ние користиме постојани колачиња за подобра услуга на нашите корисници (на пример, обезбедување оптимизирана навигација). Овие колачиња остануваат во датотеката на колачето на Вашиот пребарувач подолг временски период. Временскиот период зависи од изборот што ќе го направите во поставките на Вашиот интернет-пребарувач. Постојаните колачиња овозможуваат информациите да се пренесат на веб-серверот секој пат кога некој ќе ја посети веб-страницата. Тие можат да ги запомнат деталите за најавување кои го паметат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот. Овие колачиња се зачувани на Вашиот компјутер или мобилен уред и не се бришат автоматски кога ќе го затворите прелистувачот, за разлика од колачето за сесија, кое се брише кога ќе го затворите прелистувачот. Постојаните колачиња се користат само за повторно да Ве идентификуваат при Вашата следна посета.

Овие колачиња ни овозможуваат да се запомнат претпочитаните опции кои сте ги избрале при претходната посета на нашата веб страница, како што се приказот на веб страницата.

 

2. Аналитички/Колачиња за перформанси во кои се вклучени:

Колачиња од трети страни „Third Party Cookies“

Овие колачиња собираат информации за тоа како ја користите веб страницата, на пример страници на кои одите и какви било пораки за грешка што Ви се случуваат. Овие колачиња не собираат информации што Ве идентификуваат, тие се анонимни и помагаат да се подобри функционирањето на веб страницата.

Колачињата можат да се користат во следниве категории: Google Analytics, Google Ads.

 

Можете ли да ги избришете или контролирате колачињата (cookies)?

Информациите поврзани со колачињата (cookies), не се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќањето на овие колачиња (cookies) не е неопходно за работа на веб страницата, но истите би Ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Доколку сакате овие колачиња (cookies) можете да ги избришете или блокирате, но ако го сторите тоа некои карактеристики на оваа веб страна можеби нема да работат правилно.

Можете да ги избришете сите колачиња (cookies) кои веќе се наоѓаат на Вашиот компјутер и можете да ги подесите поголемиот дел од пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потреба рачно да ги прилагодувате преференциите секој пат кога посетувате веб страна, а исто така можно е да не работат и некои услуги и функционалности.

Со кликање на копчето „не се согласувам“ се оневозможуваат аналитичките/колачиња за перформанси, освен задолжителните колачиња кои секогаш остануваат активни бидејќи се неопходни за веб страницата да може правилно да функционира.

 

Што да направите доколку не сакате да користите колачиња ?

Во случај кога не сакате да користите колачиња како што е наведено, или ако се премислите откако ќе се согласите со нашата употреба на колачињата, можете да ги избришете преку Вашиот пребарувач. Во продолжение се дадени примери на поставки за не следење „Do not track preferences“. Функцијата за неследење им овозможува на поситителите да не бидат следени од веб-страниците. Оваа опција е возможна на повеќе интернет прабарувачи, како што се на пример:

– Google Chrome

– Microsoft edge

– Mozilla Firefox

– Apple Safari

Да го оневозможите следењето од Google analytics на сите веб страници посетете ја https://tools.google.com/dlpage/gaoptout

 

При посета на некои страници може да видите порака за предупредување која ви препорачува да ги прифатите колачињата заради оптимално искуство со пребарувањето.

 

Промена на Политиката за колачиња

Политиката за колачиња редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности согласно закон.