Вие сте овде:

Соопштение

Државната комисија за спречување корупцијата и Транспаренси Интернешнл Македонија ќе склучат Меморандум за соработка со цел остварување на активности од заеднички интерес кои што ќе бидат резултат на програмата за заемна соработкa преку проектот „Зајакнување на националниот систем на интегритет во земјите од Западен Балкан  и Турција и следење на развојот на антикорупциските реформи”, поддржан од Европската унија и Амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија.

Настанот ќе се одржи на 15 ноември 2017 година во просториите на Државната комисија за спречување корупцијата,  со почеток во 11:00 часот.