Вие сте овде:

Соопштение

Начинот на постапување на државните институции, органите на единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија, јавните установи и другите правни лица што располагаат со државен капитал во период на изборен процес поврзан со локалните избори 2017 година, утврден со членовите 11 и 12 од Законот за спречување на корупцијата (,,Службен весник на Република Македонија" бр. 28/02, 46/04, 126/06, 10/08, 161/08, 145/10, 97/2015 и 148/2015) престанува да важи со денот на објавување на Заклучокот за завршени Локални избори 2017 година за избор на членови на советите на општините и советот на Град Скопје и за градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје со број 11-2785/1 од 14.11.2017 година, донесен од Државната изборна комисија.

Тоа истовремено значи дека при донесување одлуки што произлегуваат од Вашата надлежност и тековно работење, не е потребно да барате мислење од Државната комисија за спречување на корупцијата.

Заклучок за завршени локални избори 2017 на ДИК