Вие сте овде:

Соопштение од седница одржана на ден 23.11.2017 година

Во врска со поднесен приговор по член 8-а став 1 алинеја 2 од Изборниот законик од страна на Општинска организација на СДСМ Кисела Вода, заведен под архивски број 12-8470/1 од 30.10.2017 година, против Општина Кисела Вода поради преземање на активности, кои се под нејзина надлежност и се однесуваат на изведување на градежни зафати - асфалтирање и тампонирање на улици во н. Пинтија во време на изборниот процес 2017 година, на седница одржана на ден 23.11.2017 година ДКСК по утврдената фактичка состојба констатира дека наводите од приговорот не се потврдени, по што заклучи да се донесе Одлука со која предметниот приговор СЕ ОДБИВА.

Објавата на одлуката на ДКСК по овој поднесен приговор следи подолу, а истата ќе се достави и до подносителот на приговорот.

 -       Одлука бр. 12-8470/ 5  од 23.11,2017 година