Вие сте овде:

ДКСК и Институтот за демократија – Социетас Цивилис – Скопје склучија Меморандум за соработка

Државната комисија за спречување корупција и Институтот за демократија – Социетас Цивилис – Скопје потпишаа Меморандум за соработка со цел спроведување на активности заради реализација на проектот „Анти-корупциска едукација на учениците од средните училишта”.

 

Државната комисија за спречување корупција  и Институтот за демократија – Социетас Цивилис – Скопје потпишаа Меморандум за соработка со цел спроведување на активности заради реализација на проектот „Анти-корупциска едукација на учениците од средните училишта”.

Меморандумот за соработка го потпишаа Претседателот на  Државната комисија за спречување корупцијата д-р Игор Тантуровски  и Претседателот на Институт за демократија – Социетас Цивилис – Скопје Марко Трошановски.

Оваа соработка опфаќа формирање работна група за спроведување на проектот, спроведување на истражување на национално ниво со ученици од средни училишта, развивање на Програма за антикорупциска едукација на ученици од средните училишта, Прирачник и наставни материјали за наставниците, развивање на анкетни прашалници за препознавање на корупцијата соодветен на возраста на учениците,  едукативни помагала соодветни на возраста на учениците и промотивен материјал, селекција на 6 средни пилот-училишта, спроведување на обуки за професорите од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата и  работната група, спроведување на вон наставни активности за учениците согласно Програма, мониторинг и евалуација на спроведеното, изготвување финален извештај по спроведување на проектот и јавно промовирање на резултатите односно ефектите од спроведување на проектот.

Потписниците на овој Меморандум се согласуваат при остварувањето на целите на проектот да се придржуваат до принципите на транспарентност, вклученост, консултација и взаемно разбирање.

 

Исто така, потписниците на овој Меморандум во рамките на своите надлежности ќе направат напори за обезбедување на согласност и поддршка за спроведување од Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието.