Вие сте овде:

ДКСК одржа средба со Оценската мисија на Европската комисија

Државната комисија за спречување корупција одржа работен состанок со Оценската мисија базирана на предмети во областа на висок профил на корупција, организиран криминал и перење пари од страна на Европската комисија.

На состанокот присуствуваа Претседателот на  Државната комисија за спречување корупцијата д-р Игор Тантуровски, членовите на ДКСК м-р Горан Миленков, м-р Сузана Таскова Аџикотарева, Сејди Халили, д-р Фарије и  Најдо Спасевски. Од страна на Оценувачката мисија присуствуваа експерти од земјите членки на ЕУ и претставници на Европската комисија и Делегацијата на ЕУ.

Присутните разговараа за работата и надлежностите на ДКСК, севкупниот институционален капацитет и меѓуинституционалната соработка во областа на  организиран криминал и перење пари.

Целта на Оценската мисија е да и обезбеди на Европската комисија проценка на капацитетот на земјата за ефикасно решавање на предметите од висок профил на корупција преку анализа на предмети и применетата методологија, постапка и техника во врска со нив.