Вие сте овде:

ДКСК подготви Предлог Стратегија за промоција на системот на заштита на укажувачите

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) од 5-9 март ја одржа втората експертска мисија со експертот Марк Вортх од Европскиот центар за правата на укажувачите и работната група во која покрај членови на ДКСК и  вработените во Секретаријатот на ДКСК партиципираат и претставници од Министерството за правда, Министерството за информатичко општество и администрација, Народниот Правобранител, Транспаренси Интернешнл – Македонија и Бизнис конфедерацијата на Македонија.

Главен носител на активностите за спроведување на Стратегијата е Државната комисија за спречување на корупцијата со поддршка на ЕУ проектот “Зајакнување на националните капацитети за борба против организиран криминал и корупција”.

 Стратегијата опфаќа кампања за подигање на јавната свест за правата и заштитата на укажувачите, како и програма за обука на службеници од јавниот и приватниот сектор.

По усвојување на Стратегијата за промоција на системот на заштита на укажувачите од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата ќе се пристапи кон имплементација на истата.