Вие сте овде:

Експертска мисија за Систем за спречување на судир на интереси

Во Државната комисија за спречување на корупцијата во периодот од 24-26 септември 2018 година ќе се реализира Експертска мисија за Системот за спречување и управување со судирот на интереси. Овој настан е организиран од Државната комисија за спречување на корупцијата со поддршка на инструментот TAIEX.

Експертот г-ѓа Вита Хабјан Барбориќ, Раководител на Центарот за превенција и интегритет на јавните служби во Комисијата за спречување на корупцијата во Словенија, ќе одржи неколку средби со вработените во Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата и со членовите на работната група за измена на Законот за спречување на корупцијата и Законот за судир на интереси.

Од експертот се очекува покрај споделување на компаративни искуства во полето на спречувањето на судирот на интереси да даде и конкретни предлози и препораки за регулирање на конкретната проблематика.