Вие сте овде:

Соопштение

Почитувани,

Државната комисија за спречување на корупцијата, поради завршување на мандатот на Претседателот на ДКСК Горан Миленков, согласно со членот 48 од Законот за спречување на корупцијата за Претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата едногласно го избра д-р Игор Тантуровски.

Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата се избира од редот на постојните членови на ДКСК, со мандат од една година.

 

Со почит,
Државна комисија за спречување на корупцијата