Вие сте овде:

СООПШТЕНИЕ

Државната комисија за спречување на корупцијата учествуваше на Конференцијата „За општество ослободено од корупција“ во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода.

На Конференцијата воведно обраќање имаше претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, а свои излагања имаа претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, Генералниот секретар на Државната комисија за спречување на корупцијата д-р Розета Трајан, професорката Мирјана Најчевска, Ване Цветанов од „Зелена лупа“, поранешниот министер и експерт за финансии Џевдет Хајредини, претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, Владимир Георгиев, државен советник во ДКСК, активистот Мариглен Демири, Петар Богојевски, член на ВМРО-ДПМНЕ, новинарот  Горан Лефков и Илија Николовски, претседател на Партијата на пензионерите.

Генералниот секретар на ДКСК  д-р Розета Трајан нагласи дека овој настан е потврда дека е неопходен сериозен пристап во борбата против корупцијата, додавајќи дека ДКСК во изминатиот период беше нем посматрач на сите случувања во општеството, состојба која пред се се должи на нејзината неефикасност, нетранспарентност и партизираност.

Постои огромна патриотска должност на секој чинител во општеството да се бори против корупцијата, но и да даде активна контрибуција во борбата против корупција. Бидејќи корупцијата е таа којашто ја намалува вербата на граѓаните во општеството, ги загушува креативноста и инвентивноста, не се вреднува талентот на најспособните и ги руши вредностите. Само општество коешто е ослободено од корупција може да биде општество кое е фокусирано кон прогрес, напредок, развој и просперитет. Поради сето тоа, создавањето на општество ослободено од корупција треба и мора да биде приоритет и императив. Предизвик со којшто мора сериозно да се соочиме и на којшто треба посветено да работиме“, истакна Трајан.

Таа додаде дека и во отсуство на Комисијата, Секретаријатот и понатаму продолжил со работа, но само административно и технички, поради сегашното законско решение, според кое Секретаријатот нема можност да одлучува по предмети и пријави.

„Во периодот од месец март, до денеска, на адресата на ДКСК се примени голем број на пријави за корупција, оформени се предмети од областа на судир на интереси, обработени се и јавно се објавени анкетни листови и промени на имотна состојба, обрасци на институции и ред други работи“, вели д-р Розета Трајан.

Во преполната сала беа присутни претставници од дипломатските преставништва во земјата, министри, експерти, претставници на политички партии и невладини организации.