Одржана средба на работната група за изготвување на Нацрт Законот за потекло на имот со Славица Грковска, Заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за политики за добро владеење
На 28.02.2022 година во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата се одржа средба на работната група за изготвување на Нацрт Законот за потекло на имот со новиот Заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за политики за добро владеење, Славица Грковска.
На средбата Вице премиерката Славица Грковска накусо беше запознаена со потребите за донесување на Законот за потекло на имот, како и со досегашните активности на работатната група. При тоа се отвори дискусија за решенијата предложени во работната верзија на Законот изготвена од работната група.
Од страна на Вице премиерката Славица Грковска беше дадена поддршка за донесување на Законот при што заеднички беше констатирано дека е потребно да се интензивира работата на работната група, да се утврди динамиката за донесување на законот како и да се отвори поширока јавна дебата во насока на изготвување на квалитетено законско решение.