Следење на систем на интегритет

Државната комисија за спречување на корупцијата овозможува двостепен систем на следење на примената на системот за интегритет, на ниво на самата институција, и од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Целта на следењето на системот за интегритет е да се утврди ефикасноста на применетите политики и процедури кои овозможуваат доследна примена на стандардите за интегритет, како и за мерење на резултатите од применетите мерки за намалување на ризиците од корупција. Процесот за следење и известување за примената на системот за интегритет го координира лицето за интегритет.

Сите државни органи и институции од јавен сектор и единиците на локалната самоуправа се обврзуваат на соработка со ДКСК овозможувајќи ѝ да го следи спроведувањето на системот за интегритет.

Извештај од спроведен мониторинг на примената на системот за интегритет

Методологија – Секторска проценка на ризик по интегритетот и корупцијата