ПОДДРШКА НА ЕУ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО

Проект „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, Компонента 3 – Подобрување на спречувањето и борбата против корупцијата

Сеопфатна цел на Компонента 3 од овој ИПА Проект (мај 2023 – ноември 2026) е да го подобри спречувањето на корупцијата и да ѝ обезбеди стратешка и методолошка поддршка на Комисијата за спречување на корупцијата, како и да придонесе кон независноста, делотворноста и ефикасноста на нејзиниот мандат и работење. Области во коишто ќе обезбеди институционална поддршка за ДКСК се центарот за обуки, управување со човечки ресурси, стратешко управување со ИКТ, комуникација и управување. Компонентата е насочена и кон унапредување на контролата и верификацијата на податоците во изјавите за имотна состојба и интереси што ги поднесуваат избрани и назначени функционери, вклучително и пратеници во Собранието. Оваа активност ќе обезбеди обука на самото работно место, со цел дополнително да ги развие и осовремени методите и процесите во ДКСК.

Новиот Закон за лобирање стапи на сила во јули 2022 година. Воспоставен е електронски регистар на лобисти и изготвен е прирачник за изработка на внатрешни акти. Компонентата ќе ја поддржи ДКСК при оценување на спроведувањето на законот и ќе помогне при организирањето кампањи за подигање на свеста, тркалезни маси, семинари и обуки.

Покрај тоа, проектот ќе соработува со ДКСК и со други релевантни институции на зголемување на транспарентноста на финансирањето на политичките партии и изборните кампањи. Една од планираните активности во ова поле е воспоставување интернет платформа за поднесување и објавување на сите потребни извештаи, што ќе овозможи воспоставува унифицирани работни процеси и обрасци за финансиски извештаи и поедноставена регистрација и поднесување извештаи, со што ќе се зголеми транспарентноста на известувањето. Ова ќе овозможи креирање солидна база на податоци и информации со чија помош, ДКСК ќе може да ги реализира своите надлежности во полињата на следење, работење на поплаки и санкции, со крајна цел – спречување на корупцијата во политиката.

Активностите поврзани со спречување на корупцијата во јавните набавки ќе обезбедат поддршка за намалување на корупцијата во јавните набавки и помош при воспоставувањето систем за Е-следење, сличен на словенечкиот систем ЕРАР. Ваквата алатка за е-следење не ги опфаќа само јавните набавки, туку и повеќето надлежности на ДКСК, што пак е тесно поврзано со резултатите што треба да ги постигнат другите компоненти на проектот.  

Оваа компонента, исто така ќе го поттикнува и зајакнува проактивниот и ефикасниот пристап во спречување и борба против корупцијата воопшто, и ќе го поддржи професионалниот развој на вработените коишто работат во различни државни и независни институции на теми поврзани со спречувањето на корупцијата, преку организирање курсеви во соработка со Меѓународната академија за спречување корупција (IACA – International Anti-Corruption Academy) во Лаксенбург, Австрија. 

Извештај за мапирање на состојбите во јавните набавки и клучните генератори на корупцијата


Поддршка на ЕУ за владеење на правото – Компонента 3: Подобрување на превенцијата и борбата против корупцијата

ИПА 2020 проектот за владеење на правото (период на имплементација: јануари 2021 – јануари 2026), преку компонентата 3, чиј главен корисник е Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), за члавна цел има да обезбеди стратешка и методолошка поддршка на ДКСК и да придонесе за јакнење на независноста, ефективноста и ефикасноста на нејзиниот мандат и функции.

Преку активностите на овој проект ќе се обезбеди поддршка на ДКСК во спроведувањето на прописите за лобирање и управувањето со подароците. Како резултат на донесувањето во сила на новиот Закон за лобирање, во јуни 2021 година, проектот ќе се насочи кон поддршка на ДКСК во развојот и имплементацијата на подзаконски акти, активности за подигање на свеста како и воспоставување на електронски регистар на лобисти. Некои од овие активности не се ограничени само на ДКСК, туку вклучуваат лобисти и други лоби организации

Друга проектна активност која како поддршка ДКСК ја има од овој проект е активност насочена кон подобрување и унапредување на контролата и верификација на анкетните листови доставени од избрани и именувани јавни функционери, вклучително и членови на Собранието на Република Северна Македонија. Оваа активност ќе ја поддржи дигитализацијата на процесот и ќе обезбеди обука за конкретното систематизирано работното место со цел понатамошно развивање и модернизација на методите и процесите во ДКСК.

Понатаму, покрај ДКСК како главен корисник, во рамките на Проектот ќе соработува и со други релевантни институции за подобрување на транспарентноста на финансирањето на политичките партии и изборните кампањи. Една од планираните активности во оваа област е воспоставување на веб-платформа за доставување и објавување на сите потребни извештаи, што ќе овозможи унифицирани работни процеси и шаблони за финансиски извештаи и поедноставена регистрација и доставување извештаи, а со тоа и подобрување на транспарентноста на известувањето. Со оваа активност ќе се обезбеди интегрирана база на податоци и информации и олеснување на реализацијата на надлежностите на ДКСК во следењето, постапувањето по жалби и санкциите, со цел спречување на корупцијата во политиката.

Акцентирајќи ја важноста на користењето на современите ИТ алатки и меѓусебното поврзување и размена на податоци помеѓу државните органи, институциите и бизнис компаниите се истакна и потребата од имплементација на алатка за аналитика на податоци. Поконкретно, систем за е-следење, сличен на словенечкиот ЕРАР, онлајн алатка за јавно достапни податоци за готовинскиот тек на субјектите од јавниот сектор. Овој систем ќе поддржува многу од надлежностите на ДКСК, како што се спречување на корупцијата во јавните набавки, но и следење и контрола на лобирањето и судирот на интереси.

Воедно, покрај конкретните активности насочени кон јакнење на независноста, ефективноста и ефикасноста на мандатот и функциите на ДКСК, директно придонесува и кон поддршката за професионален развој на вработените кои работат во државните и независни институции на теми поврзани со областа на спречување на корупцијата. Поконреткно, Проектот спонзорира програма за магистерски студии во областа на борбата против корупцијата и градење интегритет на Меѓународната антикорупциска академија (IACA), во Лаксенбург, Австрија. Вкупно, проектот ќе спонзорира 12 студенти вработени во избрани институции во јавниот сектор.