ДКСК учествува на Пленарниот состанок на Антикорупциската мрежа на ОЕЦД во Париз
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) учествува на Пленарниот состанок на Антикорупциската мрежа на ОЕЦД за Источна Европа и Централна Азија (ACN), кој се одржува на 25 и 26 ноември 2026 година во Париз.
Учеството на овој значаен меѓународен форум претставува можност за активно вклучување во регионалниот дијалог за унапредување на антикорупциските политики, размена на искуства и добри практики, како и зајакнување на соработката со сродните институции и меѓународните партнери.

Присуството на ДКСК е во функција на остварување на нејзините стратешки приоритети, особено во делот на јакнење на превентивните механизми, унапредување на системите за проценка и следење на ризиците од корупција, зајакнување на институционалниот интегритет и доследно спроведување на антикорупциските политики.
Размената на искуства и учеството во процесите на меѓусебна евалуација и учење (peer review and peer learning) се значајни инструменти за идентификување на институционалните предизвици, унапредување на постојните практики и јакнење на капацитетите за поефикасно спречување и борба против корупцијата.

ДКСК останува посветена на активното учество во меѓународните иницијативи и партнерства, препознавајќи ја меѓународната соработка како важен предуслов за зајакнување на институционалната ефикасност, отчетноста и довербата на јавноста во институциите.














