Политика на приватност

Политика на приватност

Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна и/или користите некоја од нашите административни услуги преку истата. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите законски задачи и овластувања.

Контролор на збирки на лични податоци

Контролор на личните податоци е Државната комисија за спречување на корупцијата со седиште на ул. Пресвета Богородица бр.3, Скопје, Република Северна Македонија.

Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

Чии податоци собираме

Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:

  • Посетители на нашата интернет страна www.dksk.mk Вообичаено собираме податоци за навигација (види подолу) кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата веб- страна како и за одржување на информациска сигурност на нашата веб страна. Повеќе за употребата на колачиња прочитајте ја нашата политика  за користење на колачиња. (линк).
  • Баратели и други физички лица во врска со поднесување на барања и/или разни други пријави и предлози преку контакт формата.
  • Лица кои бараат пристап до информации од јавен карактер врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Категории на податоци кои се обработуваат

  1. Податоци за навигација

При посетата на нашата интернет страна вашиот веб-прелистувач автоматски испраќа информации за пристап до серверот како што се:

  • Адреса на интернет протокол (IP адреса) на компјутерот што го користите за пристап до веб-локацијата;
  • Вид на веб-прелистувач и оперативен систем што го користите за пристап до нашата страница;
  • Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и датум и време на пристап до нашата страница;
  • URL на веб-страници од каде што следевте врска до нашата страница;
  • Јазикот на пребарувачот кој го користите;

Серверските логови автоматски се бришат во рок од 15 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.

  1. Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат

Личните податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб- страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како би ни овозможиле да ги оствариме нашите надлежности утврдени согласно со закон.

Може да собереме некој од следниве категории на лични податоци: име и презиме, адреса, контакт телефон, факс, email и потпис.

 

Како  ги собираме личните податоци

Личните податоци ги собираме доброволно од вас кога сакате да комуницирате со нас преку различни канали вклучувајќи:

  • преку Вашето користење на нашата веб страна,
  • преку нашиот email: contact@dksk.org.mk
  • преку пошта.

  

Категориите на корисници на лични податоци

Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен во следните случаи:

  • во случај на ангажирање на даватели на услуги ако ДКСК ги ангажира како обработувачи со што ќе бидат обврзани да постапуваат по упатствата на ДКСК и обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги.
  • По барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа

 

Време на чување на собраните податоци

Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката.

Кои се Вашите права?

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци
  • право на пристап до личните податоци
  • право на исправка и бришење на личните податоци
  • право на ограничување на обработката на личните податоци
  • право на приговор

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиoт офицер за заштита на лични податоци.

 

Промена на политиката за приватност

Политиката за приватност ќе се менува соодветно со промените на активностите во ДКСК.