Софтвер за заштита на укажувачи

Софтвер за заштита на укажувачи

Софтверското решение за заштита на укажувачи, воспоставен од страна на Државната комисија за спречување на корупција, овозможува безбеден (криптиран) начин на комуникација за пријавување на случаите кај одговорните лица во комисијата. Укажувачите, користејќи ја достапната апликација можат на едноставен начин да отворат предмет во ДКСК, и воедно да останат во комуникација со ДКСК за понатамошни постапувања или дополнителни информации. Софтверското решение гарантира тајност на комуникацијата и притоа податоците се достапни единствено на одговорното лице во ДКСК.