Регионална антикорупциска иницијатива

РАИ – РЕГИОНАЛНА АНТИКОРУПЦИСКА ИНИЦИЈАТИВА

 
Потпишување на Меморандум за разбирање и соработка за унапредување на укажувањето во јавните институции во Северна Македонија

Во септември 2020 година, Регионалниот секретаријат за борба против корупција (Секретаријат на РАИ) потпиша Меморандум за разбирање и соработка (меморандуми за разбирање) со Државната комисија за спречување на корупција, преку кој се обврзаа да ги подобрат своите канали за известување на укажувачите и механизмите за нивна заштита, преку имплементирање на активностите предвидени во рамките на проектот финансиран од ЕУ „Прекинување на тишината: Унапредување на политиките и културата на укажување на земјите од Западен Балкан и Молдавија“ (во натамошниот текст: Проектот) имплементиран од РАИ Секретаријатот.

Крајната цел на потпишувањето на Меморандумот за разбирање е зајакнување на каналите за обелоденување на информациите и како и зајакнување на механизмите за заштита во доменот на надлежноста на ДКСК, што е клучно за поттикнување на укажувањето како ефективна алатка за спречување, откривање и истражување на корупцијата.


Меморандум за соработка


Меѓународен договор за размена на податоци за проверка на изјавите за имотна состојба

На 19.03.2021 г. во Белград беше потпишан Меѓународен договор за размена на податоци за проверка на изјавите за имотна состојба што беше подготвен во рамките на Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ). Потписници на Меѓународниот договор се претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, министерката за правда на Република Србија, Маја Поповиќ и министерот за правда, човекови и малцински права на Република Црна Гора, Владимир Лепосавиќ.

По тој повод, претседателката Ивановска истакна дека „со потпишувањето на овој договор се отвара нова можност за прибирање на податоци за движен и недвижен имот, банкарски сметки и податоци за интересите на службените лица и членовите на нивните семејства надвор од нивната матична држава. Ова претставува прв чекор за откривање на незаконски стекнат имот што се пренесува или купува во други држави. Согласно договорот информациите ќе се обезбедуваат преку административна размена помеѓу антикорупциските тела на државите потписнички. Задоволство ни е што нашите земји се пионери кои го почнуваат овој процес за следење и откривање на имотот, а наша заложба во идина ќе биде ширење на мрежата и вклучување на други замји и надвор од регионот“.