Обука на претставниците на институциите кои се дел од АФКОС Мрежата
На 10 ноември 2026 година, претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Адем Чучуљ, и раководителот на Секторот за спречување на корупцијата, м-р Ирена Поповска, одржаа обука пред претставниците на институциите кои се дел од АФКОС Мрежата.
Обуката на тема „Судир на интереси и корупција / заштитено пријавување“ беше организирана од АФКОС Мрежата и Министерството за финансии – Академија за јавни финансии, а се реализираше во рамките на Планот за обуки за 2026 година подготвен од АФКОС Одделението. Оваа активност имаше за цел да се обезбеди подигнување на јавната свест и јакнење на институционалните капацитети за превенција од корупција и судирот на интереси.
На обуката беа презентирани законските надлежности на ДКСК, клучните ризици и механизмите за навремено препознавање и спречување на корупцијата и судирот на интереси. Исто така, посебен фокус беше ставен на системот за заштитено пријавување, улогата на овластените лица за прием на пријави од укажувачи и законските гаранции за заштита на укажувачите.
За време на обуката беше остварена конструктивна дискусија со учесниците, при што преку практични примери од досегашната работа на ДКСК беа разјаснети нивните дилеми и беше потврдена потребата од тесна меѓуинституционална соработка во заштитата на финансиските интереси и јакнењето на интегритетот во институциите од јавниот сектор.


















