Антикорупциска кампања им дава моќ на учениците од основните училишта да бидат херои на чесноста
„Бидете херои на чесноста“ е слоганот на инспиративна антикорупциска кампања, која ги охрабрува учениците да станат херои на чесноста и промовирајќи интегритет, транспарентност и одговорност во општеството.
Кампањата започна во ООУ „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4, Скопје, во која учествуваа 120 ученици од седмо до деветто одделение. Настанот започна со интерактивен разговор на учениците со познатиот актер Игор Ангелов, по сценарио на Елеонора Венинова.
„Како наставници, имаме одговорност да ја негуваме следната генерација со вредности на чесност, правичност и етичко однесување. Дозволете ни да послужиме како пример и да ги инспирираме нашите ученици да изберат интегритет.“, изјави директорката на училиштето, Даниела Штеријова.
За време на настанот беа објавени и 10-те победници, ученици од основното училиште, на конкурсот за писмени есеи, со што им се оддаде признание на нивните исклучителни напори во промовирањето на антикорупциските вредности.
„Интегритетот е компасот што не води кон праведно и правично општество. Да се обединиме во нашата посветеност за борба против корупцијата и негување култура на транспарентност и одговорност“, истакна Билјана Ивановска, претседателка на Државната комисија за спречување корупција.
Оваа кампања е спроведувана од Државна комисија за спречување на корупција, финансиски подржана од Меѓународна фондација за изборни системи ИФЕС, канцеларијата во Скопје и УСАИД.
„Корупцијата ги поткопува темелите на демократијата и го попречува општествениот напредок. Заедно, можеме да создадеме средина каде што интегритетот напредува и етичките вредности се поддржуваат“, Јоана Косма, директорка на канцеларијата на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во Скопје.
Предвидени се вкупно 13 училишта до крајот на годината, во кои ќе се едуцираат учениците се со цел да се искорени корупцијата во земјава. Потребно е учениците и сите поединци да станат антикорупциски херои и да направат опиплива разлика во општеството. Застанувајќи заедно против корупцијата, можеме да создадеме општество кое поддржува интегритет, почит и достоинство.
Приклучи се и вие на мисијата за антикорупциското движењето, раширете ја свеста. Споделете ја важноста на етиката и интегритетот со вашето семејство, пријателите и колегите. Заедно да создадеме ефект на бранување што води кон општество без корупција.