Градење на капацитетите на тимот „Запознај се себе си, прифати ги другите
Државната комисија за спречување на корупцијата, од 01 до 03 ноември, 2023 година, во Крушево, со поддрша на УСАИД и ИФЕС, реализираше работилница за јакнење на капацитетите на тимот на која учествуваа претседателката и членовите на ДКСК како и вработените во Секретаријатот на ДКСК.
Целта на оваа работилница беше јакнење на капацитетите на тимот на ДКСК и на учесниците да им обезбеди можност за намерни и структурирани интеракции поврзани со Етичкиот кодекс на ДКСК преку серија на кратки теоретски инпути и интерактивни тимски и групни активности кои ќе ја зајакнат меѓусебната доверба и почит, единството, креативноста, мотивацијата, критичкото мислење и решавање на разни проблеми и предизвици. На овој начин вработените меѓусебно се поврзуваат, подобро комуницираат и пронаоѓаат дополнителни мотиви и причини за постигнување на подобри резултати.
Работилницата се состоеше од три тематски блокови: самодијагностичка сесија за идентификување на типовите на личноста на учесниците, серија групни активности за решавање проблеми фокусирани на аспекти кои се однесуваат на основните организациски вредности и интерактивна групна рефлективна сесија за зацврстување на искуствата на учесниците и посочување на клучните точки на учење.