Работилница во ООУ ,,Невена Георгиева-Дуња”- Кисела Вода на тема „Корупција и интегритет“
Државна комисија за спречување на корупцијата , на 01 декември 2022 година, по повод патрониот празник на ООУ ,,Невена Георгиева-Дуња”- Кисела Вода, одржа работилница за деца од 9-то одделение на тема – Корупција и интегритет.
Работилницата се одвиваше интерактивно преку отворање на дилеми и поставување прашања до учениците од страна на претседателката Билјана Ивановска и Сретен Рогов, професор по етика и граѓанско образование во училиштето и давање одговори од учениците по однос на темата, како своевидна евалуација на она што научиле од предавањето.
Државна комисија за спречување на корупцијата цени дека јакнењето на свеста и знаењето на најмладите за штетноста на корупцијата и градење на младина со интегритет се од особена важност за иднината на нашата држава. Оттаму, Државната комисија во континуитет ќе продолжи со антикорупциска едукација на учениците од основните училишта.