Работна средба со претставници на ИФЕС
На 28.09.2020 година во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата, Претседателката и членовите на Државната комисија остварија средба со претставници на ИФЕС на која беше разговарано за постапувањето на ДКСК за време на изборниот период на предвремените парламентарни избори 2020 година.
На средбата накусо беа презентирани резултатите од преземените активности согласно Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси од страна на ДКСК поврзани со следењето на финансирањето на изборната кампања на предвремените парламентарни избори 2020 година.
Од страна на претставниците на ИФЕС беше изразен интерес за тоа во која насока ќе се одвива натамошното постапување на ДКСК и кои активности се планираат да бидат преземени во рамките на претстојните локални избори 2021 година.
Присутните се согласија за продолжување на натамошната воспоставена соработка во форма на одржување на регионални online конференции, пристапи до бази на податоци поврзани со финансирање на политичките партии и изборните кампањи и изборите воопшто.