Тркалезна маса – соработка на институциите за поефикасна борба против корупцијата
Корупцијата е еден од најголемите проблеми со кои се соочува македонското општество, а ефикасната борба против неа бара заеднички напори и засилена соработка меѓу надлежните институции. Ова беше пораката која беше испратена од тракалезната маса која денес беше одржана во организација на Амбасадата на САД во Република Северна Македонија, Канцеларијата на САД за прекуокеански обвинителски развој, помош и обука (ОПДАТ) и УСАИД Северна Македонија, а на која учествуваа Државната комисија за спречување на корупцијата, Јавното обвинителство и Државниот завод за ревизија.
Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска во своето обраќање истакна дека корупцијата го засега секој сегмент на општеството, а борбата против неа бара колективна одговорност, посветеност, координација и транспарентност. Системската и длабоко инкорпорирана корупција го попречува развојот на општеството и инвестициите во инфраструктурата, образованието, здравството, животната средина. Ефикасно и координирано функционирање на ДКСК, Јавното обвинителство и Државниот завод за ревизија е клучно за успешно справување со корупцијата, нагласи претседателката Димитровска.
Покрај претседателката Димитровска, свое обраќања имаа Заменик амбасадорот на САД во Република Северна Македонија Никол Варнс, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски и Помошникот на главниот државен ревизор Марина Блажевска.
Претставниците на ДКСК, Јавното обвинителство и ДЗР дискутираа за предизвиците со кои се соочуваат во своето работење, позитивните практики од досегашната соработка како и за можностите за продлабочување и унапредување на истата во насока на поефикасна борба против корупцијата.