Учество на настанот на тема „Борба против корупцијата: Иновации против нелегалната моќ“
Заменик претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, м-р Билјана Каракашова Шулев, учествуваше на средбата на високо ниво – „Борба против корупцијата: Иновации против нелегалната моќ“, организарана на 15.04.2025 година, од страна на Македонскиот центар за меѓународна соработка во име на Регионалната мрежа за лидерство и интегритет во Југоисточна Европа -(СЕЛДИ).
Заменик претседателката, беше панелист во втората панел сесија на настанот, на која се зборуваше за градењето на институционална отпорност во справување со нелегални финансиски текови и заробеноста на државите. Во своето обраќање таа се осврна на влијанието на приватниот интерес врз креирањето на политиките во државата, Мерките што ги презема Државната комисија за да ја надмине или спречи оваа состојба, улогата на казнената политика во намалувањето на влијанието на приватниот интерес врз јавниот интерес, како и за имплементацијата на Законот за лобирање.
Средбата се организираше во рамки на проектот Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитети за застапување врз база на докази, влијание врз политики и граѓански ангажман (СЕЛДИ.нет), финансиран од Европската Унија. Настанот е кофинансиран со средства од Централната Европска Иницијатива.

