ДКСК оствари средба со амбасадорите на Кралството Шведска и Швајцарија
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Н.Е. Ола Сулстром, и амбасадорот на Швајцарија, Н.Е. Кристоф Зомер.
На средбата беше разговарано за досегашната успешна соработка, како и за можностите за нејзино продлабочување, особено во делот на јакнењето на капацитетите на ДКСК со цел поефикасно извршување на законските надлежности.
Заменик-претседателката на ДКСК, м-р Цвета Ристовска, изрази благодарност за континуираната поддршка што Швајцарија и Кралството Шведска ја обезбедуваат преку Националниот демократски институт (НДИ). Таа ја истакна важноста на оваа поддршка во спроведувањето на законските надлежности, изготвувањето на новата Национална стратегија, како и активностите насочени кон промовирање на интегритетот во јавниот сектор.
Амбасадорите беа запознаени со надлежностите на ДКСК, тековните активности и плановите, како и активностите за изготвување на новата Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026–2030.
На средбата беше изразено заемно задоволство од досегашната соработка и подготвеност истата понатаму да се унапредува и продлабочува, со цел поефикасна превенција и борба против корупцијата и примена на добрите европски практики.
















