Доделување на потврди за учество на напредна обука за интегритет
Денес, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, беше одржан настан за доделување на потврди за учество на напредна обука за интегритет.
Овој настан претставуваше завршница на процесот на едукација, кој беше организиран во текот на месеците септември и октомври 2024 година, кога беа спроведени четири дводневни работилници во Скопје за лицата за интегритет и за други овластени службени лица од единиците на локалната самоуправа кои се потписници на Политиката за интегритет.
На настанот, беше потенцирана посветеноста на лицата за интегритет и општините по прашањето за имплементација на системот на интегритет, како една од поефикасните превентивни алатка за борба против корупцијата. Воедно, беа утврдени и заложбите на Државната комисија за успешно продолжување со реализацијата на активностите за јакнење на личниот и институционалниот интегритет.