Државната комисија за спречување на корупцијата и Инспекцискиот совет потпишаа Меморандум за соработка
На ден 31.03.2022 година во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Државната комисија за спречување на корупцијата и Инспекцискиот совет.
Меморандумот за соработка беше потпишан од страна на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска и претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска Грашкоска.
Со Меморандумот се промовира соработката и размената на искуствата помеѓу двете институции во областа на превенцијата и репресијата на корупцијата и судирот на интереси, јакнење на личниот и институционалниот интегритет, организирање на работни средби за размена на позитивни практики и информации за зајакнато функционирање на Државната комисија за спречување на корупцијата, Инспекцискиот совет и нивните стручни служби, размена на податоци и позитивна пракса при постапување по предмети од областите на законската надлежност на двете институции, подготвување организација и спроведување на обуки за инспекторите вработени во инспекциските служби под јурисдикција на Инспекцискот совет, како и преку други активности со кои ќе се остварат целите на меморандумот.