Обука за заштита на укажувачи
Во насока на постојано следење и унапредување на состојбата на примената на заштитеното пријавување и промоција на укажувањето како еден од најприменливите алатки за борбата против корупцијата, на ден 12 Јули 2021 се одржа обука за заштита на укажувачите, организирана преку ПроТРАКО проектот „Промовирање на транспарентност и одговорност во јавната администрација“, финансиран од Европската унија.
На обуката, преку електронската платформа Zoom, говорници беа:
- Г-дин Џон Девит, главен извршен директор на канцеларијата на Транспаренси Интернешенел во Ирска,
- Г-ѓа Алма Седлар, поранешен заменик шеф на комисијата за спречување на корупцијата на Република Словенија и сегашен претседавач на одборот на Транспаренси Интернешенел Словенија и
- Г-ѓа Ирена Поповска, Генерален секретар во Државната комисија за спречување на корупција во Република Северна Македонија и овластено лице за заштита на укажувачите (внатрешно и надворешно) во ДКСК.
Експертите говореа за повеќе аспекти за потребата и начинот на имплементација на законските норми за процесот на заштитено пријавување, вредноста и значењето на заштитеното пријавување, правата и заштитата на граѓаните утврдени согласно Законот за заштита на укажувачи, како и механизми за заштитено пријавување утврдени со законот и заштита на укажувачите од одмазда заради извршено заштитено пријавување во борбата против корупцијата.