Претседателот на ДКСК даде свечена изјава
Денес, во Собранието на Република Северна Македонија, новоизбраниот претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата г. Адем Чучуљ, даде свечена изјава.
Со давањето на свечената изјава, претседателот на ДКСК го започна својот петгодишен мандат.
Чест е да се биде претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата но и голема одговорност. ДКСК ќе проддолжи да работи транспаретно и одговорно и останува посветена на својата мисија за обезбедување одговорно, ефикасно и чесно владеење во служба на јавниот интерес, истакна во своето обраќање за медиумите претседателот на ДКСК Чучуљ, веднаш по давањето на свечената изјава.

















