Работна средба со Националниот демократски институт (НДИ)
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) одржа работен состанок со претставници на Националниот демократски институт (НДИ). Средбата беше иницирана во рамките на проектот „Заедници со интегритет“, финансиран од Владите на Швајцарија и Шведска, чија цел е зајакнување на институционалниот интегритет и градење на антикорупциска култура на локално ниво.
На состанокот се разговараше за досегашните резултати од заедничката соработка меѓу ДКСК и НДИ, тековните активности во рамките на проектот, како и за идните планови за натамошен развој на партнерството. Посебен акцент беше ставен на улогата на лицата за интегритет во единиците на локалната самоуправа (ЕЛС), како и на потребата од континуирана поддршка за развивање на механизми за превенција на корупција и воспоставување на системот за интегритет во работењето на единиците на локалната самоуправа.
Соработката меѓу ДКСК и НДИ беше оценета како пример за ефективно партнерство во насока на создавање одржливи системски решенија за спречување на корупцијата.
ДКСК ја нагласува важноста на партнерството со НДИ кое овозможува споделување на знаење, искуства и добри практики, како и создавање услови за поефикасна имплементација на националните политики за спречување на корупцијата.
Од страна на НДИ беше искатната недвосмилената поддршка на ДКСК во насока на јакнење на нејзините капецитети за ефикасно извршување на законски надлежности особено во однос на промовирање и унапредување на личниот и институциоопналниот интегритет во јавниот сектор.
Двете страни изразија подготвеност за заедничка имплементација на нови активности кои ќе придонесат за понатамошно јакнење на интегритетот во јавниот сектор, особено во локалната самоуправа.

















