Соопштение
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ја известува јавноста дека почнувајќи од денес (03.06.2024 година), податоците од Изјавите за имотна состојба и интереси, поднесени преку новиот електронски систем, кој е ставен во функција на 01.01.2024 година, освен податоците заштитени со закон, се јавно достапни на ВЕБ страницата на ДКСК. До истите може да се пристапи преку следниот линк.
Воедно, ДКСК укажува дека лицата кои согласно член 82 и член 85 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси („Службен весник на Република Македонија“ број 12/2019) имаат обврска да доставуваат изјава за имотна состојба и интереси и промена на имотната состојба и интересите, изјавата ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да ја доставуваат преку електронскиот систем со најава на следниот линк, а печатена копија од изјавата да достават до писарницата на ДКСК.
ДКСК, исто така, повторно ги повикува сите актуелни избрани и именувани лица, кои имале обврска да поднесат анкетни листови и изјави на интереси, согласно со Законот за спречување на корупцијата („Службен весник на Република Македонија“ број 28/2002, 46/2004, 126/2006, 10/2008, 161/2008, 145/10, 97/15 и 148/15) и Законот за спречување на судир на интереси („Службен весник на Република Македонија” број 70/2007, 114/2009, 6/12 и 153/15) да достават изјави за имотна состојба и интереси на новиот образец, доколку сеуште не го направиле тоа. Ова е неопходно од причина што без поднесувањето на изјава за имотна состојба и интереси преку новиот електронски систем не може да пријавуваат промени во имотната состојба и интересите, како и да поднесат изјава за имотна состојба и интереси по престанок на функцијата.
ДРЖАВНА КОМИСИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА