СОСТАНОК меѓу UNODC и ДКСК
На 25 март 2021 година, со почеток во 09.30 во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата се реализираше средба со претставници од UNODC, г-ѓа Virginia de Abajo Marques, Регионален советник за анти-корупција и конфискација на имот и г-дин Алесандар Џорџевиќ, Национален Програмски Офицер.
Од страна на Државна комисија за спречување на корупцијата на состанокот присуствуваа Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, и членовите Владимир Георгиев и Шемси Салаи, како и Раководителот на сектор Маја Коневска.
Состанокот, беше реализиран заради продлабочување на веќе воспоставената соработка и запознавање со приоритетни области кои би можеле да се поддржат во рамките на Берлинскиот процес.
Имено, на состанокот , учесниците се осврнаа на неколку области:
- Подготовка на Патоказот во рамки на Берлинскиот процес и утврдување на приоритетните области за поддршка во борбата против корупцијата и недозволено движење на финансиски средства во земјите во регионот, вклучувајќи ја и Република Северна Македонија.
- Претстојниот состанок во рамките на Берлинскиот процес каде Република Северна Македонија и Велика Британија се ко – претседавачи што се планира да се организира кон средината на Јуни 2021 година.
- Се отвори дискусија по неколку клучни прашања во однос на областите кои се во фокусот на поддршката на Берлинскиот процес и обезбедување на евентуална поддршка, а се вклучени и во Националната стратегија за превенција и репресија на корупцијата и судирот на интереси со акционен план 2021-2025:
- Спорт – менаџирање со спортските објекти и финансирање на спортските клубови (особено на општинско ниво)
- Урбанизам и градежништво и Животна средина – издавање на градежни дозволи, купување и издавање на недвижен имот, надоврзувајќи се и со узурпација на животната средина, бесправна сеча, води итн.
- Јавни набавки во време на пандемија, особено во секторот здравство
- Интегритет и проценка на ризици – особено на општинско ниво
- Вработување во јавниот сектор – за направената проценка на ризиците во легислативата која го покрива вработувањето, реализирана со поддршка на ТИ-Македонија и Холандската Амбасада, наодите од оваа анализа но и опсервација од предметите на ДКСК за недозволени вработувања, непочитување на процедурите, измените на систематизациите по потреба за одредени вработувања
- Следење на имотната состојба на функционерите и неодамна потпишаниот Меѓународен договор за размена на податоци за анкетните листови за имотна состојба
- Покрај наведеното, од страна на претставниците на УНОДЦ беше понудена поддршка во процесот на изработка на нови или измени на законите кои се однесуваат на наведената проблематика
- На крај на состанокот се сподели информација за формирање на мрежа на институции вклучени во борбата против корупцијата и нелегално стекнување имот тн Иницијатива на Ријад , со седиште во Виена, а со цел градење платформа за размена на информации и знаења. По согласност од страна на ДКСК, ќе биде предложено пристапување на ДКСК кон оваа мрежа.