Средба со г. Радивоје Грујиќ – правен аналитичар во Набљудувачката мисија на ОБСЕ
Денес, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), одржа работна средба со г. Радивоје Грујиќ – правен аналитичар во Набљудувачката мисија на ОБСЕ – Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР).
На средбата, Заменик претседателот на ДКСК м-р Цвета Ристовска го информираше правниот аналитичар Грујиќ за законските надлежности и улогата на ДКСК во изборниот процес. Исто така, беа образложени тековните и планираните активности на ДКСК во насока на следењето на изборниот процес со цел обезбедување на транспарентно и законско користење на јавните добра и трошење на буџетските средства.
На средбата беа дискутирани предизвиците со кои се соочува ДКСК во следењето на изборниот процес како и системските слабости и законските недоречености во изборната регулатива.
Набљудувачката мисија на ОБСЕ ќе го следи спроведувањето на локалните избори во Република Северна Македонија закажани за 19 октомври 2025 година со свои набљудувачи и по завршување на изборниот процес ќе изготви извештај за констатираните слабости и препораки за унапредување на изборната регулатива.
Договорена е меѓусебна соработка и интензивна комуникација во текот на целиот изборен процес.

