СРЕДБА СО ЕКСПЕРТСКА МИСИЈА НА ФРАНЦУСКАТА ЈАВНА АГЕНЦИЈА ЗА ИЗРАБОТКА И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТИ ЗА МЕЃУНАРОДНА ТЕХНИЧКА СОРАБОТКА (EXPERTISE FRANCE)
На 20.05.2025 година Државната комисија за спречување на корупцијата оствари средба со претставници на експертската мисија на Франција на која присуствуваа г-ѓа Lise Chipault, судија и член на Бирото на ГРЕКО, г-ѓа Helena Papa, долгорочен експерт за транспарентност, спречување на перење пари и финансиски кирминал и г-ѓа Анета Арнаудовска, национален експерт за владеење на правото и анти-корупција.
Претставниците на експертската мисија на Франција изразија благодарност за работната средба и информираа дека мисијата во нашата држава е во рамките на проектот на Француската јавна агенција за изработка и имплементација на проекти за меѓународна техничка соработка (Expertise France) за поддршка на анти-корупциски иницијативи со фокус на поддршка на Судскиот совет на Република Северна Македонија, особено во анализа на реализацијата на Програмата и Акциониот план за превенција и следење на корупцијата во судството 2022-2025 година усвоена од Судскиот совет и изготвување на нова програма за периодот 2026-2029 година.
Тема на дискусија на средбата беа механизмите и мерките за спречување на корупцијата и градењето на интегритетот во јавниот сектор, со посебен фокус на судството, како и предизвиците и потребата од координирано градење на системот на интегритет во сите сектори, особено во пресрет на процесот на подготовка на новата Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030 година.
Средбата заврши со подготвеност за продлабочување на соработката во насока на зајакнување на интегритетот во судството и ефективен стратешки пристап за спречување на корупцијата и судирот на интереси во следниот петгодишен период.
