Четврта седница на ДКСК
Врз основа на член 22, 32 и 33 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.12/19) и член 9 од Деловникот за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата, Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, донесе:
ОДЛУКА
за свикување на четврта седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 19.04.2024 година (петок), со почеток во 15:30 часот, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата на ул „Пресвета Богородица“ бр.3, Скопје, со следниот предлог
ДНЕВЕН РЕД
1. Повторно постапување и одлучување по доставен приговор од учесник во изборна кампања за избори за избор на Претседател на Република Северна Македонија – Претседателски избори 2024 година:
-Приговор број 12-1330/1 од 05.04.2024 година, поднесен од подносител: За изборна кампања – Претседателски избори 2024 година – Гордана Сиљановска – Давкова, кандидат за претседател, застапувана од Владимир Нелоски;