Средба на ДКСК со Амбасадорот на Велика Британија
На 10 март 2021 година, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата се реализираше средба меѓу Претседателот и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата и Амбасадорот на Велика Британија, Нејзината екселенција Рејчел Галовеј.
Средбата беше реализирана заради тековно запознавање со преземени активности на двегодишното работење на актуелниот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата и можна понатамошна соработка и поддршка од страна на Амбасадата на Велика Британија во Скопје.
Присутните на средбата се согласија за продолжување на досегашната успешна соработка и понатамошна поддршка на полето на спречување на корупцијата и судирот на интереси.