13-та седница на ДКСК
Врз основа на член 22 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.12/19) и член 9 од Деловникот за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата, Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, донесе
ОДЛУКА
за свикување на 13–та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 30.12.2024 година (понеделник), со почеток во 10:00 часот, преку ZOOM комуникациската платформа, со следниот предлог
ДНЕВЕН РЕД
- Програма за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2025 година;
- Годишен план за следење на имотната состојба и судирот на интереси за 2025 година;
- Годишен план за спроведување на антикорупциска проверка на легислативата за 2025 година.