24-та седница на ДКСК
Врз основа на член 22 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.12/19) и член 10 од Деловникот за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата, Заменик – претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, донесе
ОДЛУКА
за свикување на 24-та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 03.11.2025 година (понеделник), со почеток во 11:00 часот, преку ZOOM комуникациската платформа, со следниот предлог
ДНЕВЕН РЕД
- Предлог записник од 23-та седница на ДКСК, одржана на 13.10.2025 година;
- Усвојување на Проценка на ризици од корупција за потребите на изработка на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026–2030 и Методологија за изготвување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026–2030.
- Постапување по изборни предмети;
- Извештај од антикорупциска проверка на одредби од Изборниот законик, Глава Изборна кампања со поднаслов ,,Медиумско претставување“ од член 75 до член 76- д;
- Постапување по предмети;
- Прашања и предлози;














