26-та седница на ДКСК
Врз основа на член 22 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.12/19) и член 9 од Деловникот за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата, Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, донесе
ОДЛУКА
за свикување на 26-та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 30.12.2025 година (вторник), со почеток во 10:00 часот, преку ZOOM комуникациската платформа, со следниот предлог
ДНЕВЕН РЕД
- Предлог записник од 25-та седница на ДКСК, одржана на 12.11.2025 година;
- Програма за работа на ДКСК за 2026 година;
- Годишен план за следење на имотната состојба и судирот на интереси за 2026 година;
- Годишен план за спроведување на антикорупциска проверка на легислативата за 2026 година;
- Упатство за рангирање на предметите за постапување на ДКСК по основ на доставени пријави;
- Постапување по предмети;
- Прашања и предлози;
- Постапување по пријави од укажувачи.














