Oдржана средба со Кол Радович, правен советник во Амбасадата на САД во Република Северна Македонија
На 18.03.2022 година во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), ДКСК оствари средба со г-дин Кол Радович, правен советник во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија.
Средбата се одржа на барање на г-дин Кол Радович со цел запознавање со Државната комисија за спречување на корупцијата и нејзините законски надлежности како и со соработката на ДКСК со другите органи надлежни во борбата со корупцијата а особено со Јавното обвинителство на Република Северана Македонија.
Од страна на Претседателот и членовите на ДКСК, г-дин Радович беше запознаен со надлежностите на ДКСК како и со нејзините тековни активности.
Од страна на г-дин Радович, кој воедно е поранешен федерален обвинител во САД, особено беше покажан интерес за соработката на ДКСК со Јавното обвинителство како и за постапувањто на обвинителствата по доставените иницијативи од страна на ДКСК, за поведување на постапки за кривично гонење.
При тоа, беше дискутирано за начините како да се подобри соработката на ДКСК со јавното обвинителство односно како ДКСК редовно да добива иннформации за постапувањето на обвинителствата по нејзините иницијативи.
На средбата г-дин Кол Радович искажа поддршка за работата на ДКСК и ја нагласи посветеноста на ДКСК во исполнувањто на нејзините законски надлжености, при што потенцираше дека истата е видлива во јавноста.
На крајот, беше искажано обострано задоволство од остварената средба како и подготвеност за соработка во иднина.