Втор квартален извештај за имплементацијата на препораките од проценкаta на анливост од корупција во државните институции и локална власт во областа просторно планирање, урбанизам и градежништо
Во јули 2022 година во рамки на проектот: „Проценка на ранливоста од корупција во државните институции и локални власти за просторно планирање, урбанизам и градежништво”, објавен е Вториот квартален извештај за имплементацијата на препораките од проценката на ранливост од корупција во државните институции и локална власт во областа просторно планирање, урбанизам и градежништво, што за потребите на ДКСК го изготви Транспаренси Интернешнл Македонија. Препораките се произлезени од Анализата на правната рамка во областите на просторното планирање, урбанизмот и градежништвото со можни ризици од корупција и методологија за следење на препораките, кои во рамки на истиот проект беа изготвени од страна на Транспаренси Интернешнл Македонија, а во соработка и поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).
Извештајот е изготвен по спроведен мониторинг на препораките, како и по одржани состаноци во јуни 2022 година, на кои покрај ДКСК и Транспаренси Интернешнл Македонија, учествуваа и претставници на локалната власт и на Министерството за транспорт и врски, при што беа констатирани почетни точки за надминување на ризиците од корупција во овие области:
- Воспоставување на комуникација и соработка помеѓу Министерството за транспорт и врски, ДКСК, Транспаренси Интернешнл – Македонија, Агенцијата за просторно планирање преку директни состаноци, назначување на лица за комуникација и одговорни за прибирање на информации;
- Вклучување на општините со обврска да го следат напредокот во исполнување на препораките, како и спроведување повеќе обуки за вработените од општините во однос на промените на законите;
- Извештаите активно да се користат во антикоруциската проверка на легислативата (АПЛ) и редовно да се доставуваат до ресорните министерства и до Владата на Република Северна Македонија.
Како што е наведено во извештајот, интересот на институциите за исполнување на препораките е сѐ уште на ниско ниво, меѓутоа постои зголемена активност на локалната и извршната власт со цел да се имплементираат наведените препораки.
Големите дискрециони овластувања на локалната власт, недостигот на добро формулирани законски одреби, судир на законските одредби како и различното толкување на законските норми од една страна, но и честото менување на законите од друга страна создава ризик од зголемување на корупцијата. Во оваа насока потребна е зајакната соработка и координираност помеѓу Министерството за транспорт и врски, локалната власт, Заедницата на единиците на локалната самоуправа и Државната комисија за спречување на корупција за надминување на ризиците од корупција и усогласено изнаоѓање на решенија за спроведување на препораките.
Државната комисија за спречување на корупцијата организираше и јавна дебата на тема: „Дискреционите овластувања при донесување на подзаконски акти како ризик од корупција во урбанистичкото планирање“, на која учествуваа претставници од Транспаренси Интернешнл – Македонија, од Министерството за транспорт и врски и од други надлежни институции. На јавната дебата беше дискутирано за прописите од областа на урбанизмот и активностите кои треба да се превземат во насока на намалувањето на ризикот од корупција во оваа област.
Согласно динамиката на активностите во проектот: „Проценка на ранливоста од корупција во државните институции и локални власти за просторно планирање, урбанизам и градежништво”, после Вториот квартален извештај за имплементацијата на препораките, обврската за мониторингот над спроведувањето на обуките ја презема Државната комисија за спречување на корупцијата. Целосниот извештај е достапен на следниот линк: ВТОР КВАРТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ