Координативна средба со учесниците на обуката за имплементација на политиката на интегритет во единиците на локалната самоуправа
Државна комисија за спречување на корупцијата, со поддршка на ОБСЕ Мисијата во Скопје, на 29 септември 2021 година одржа онлине координативна средба со лицата за интегритет во единиците на локалната самоуправа.
На оваа средба се споделија искуства, проблеми и предизвици со кои се соочија лицата за интегритет во процесот на имплементација на системот на интегритет.
Државна комисија за спречување на корупцијата засилено работи на развивање на соодветна методологија за имплементација на системот на интегритет и развој на софтверско решение кое ќе биде алатката преку која ќе се следи имплементацијата на системот на интегритет. Согласно овие активности, во периодот што следи ќе биде интензивирана соработката помеѓу Државна комисија за спречување на корупцијата и општините, во насока на успешна имплементација на елементите на интегритет.